ВИДЕО: Саутемптон за малку ќе го шокираше Арсенал на „Емирати“

фото: EPA-EFE/Neil Hall

Во 32 коло од Премиер лигата на стадионот „Емирати“ во Лондон ремизираа екипите на Арсенал и Саутемптон со резултат 3:3.

Поведоа гостите уште во првата минута со голот на Алкараз, а истиот играч беше асистент на вториот погодок кој го реализираше Волкот во 14 минута за зголемување на предноста.

Во 20 минута следуваше намалување на негативата на домаќините по погодокот на Мартинели по асистенцијата на Сака.

За 1:3 во 66 минута се погрижи Чалета-Цар, а „топчиите“ не дозволија изненадување во самиот финиш кога за две минути постигнаа два голови преку Одегард (88`) и Сака (90`).

Ова е веќе трето реми по ред за играчите на Микел Артета, и натаму се на првото место со 75 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити со напомена дека „граѓаните“ на Пеп Гвардиола имаат два мечеви помалку. Саутемптон кој до крајот на сезоната ќе води битка за опстанок, се наоѓа на последната 20 позиција со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот