ВИДЕО | Само за оваа уметничка слика платил 400 милиони евра: Саудискиот принц е сопственик на најскапиот дом во светот

Фото: Профимедиа

Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија го купи англискиот клуб Њукасл за 350.000.000 евра и со тоа стана најмоќната личност во светскиот фудбал.

Младиот богат саудиски принц, откако неговиот татко, кралот Салман, во јуни 2017 година го именува за престолонаследник, заменувајќи го 26 години постариот братучед, стана, по кралот, најмоќната фигура во својата земја.

Покрај фудбалскиот клуб Њукасл, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата.

Имено, во 2015 година, тој платил 270 милиони евра за велелепниот замок на францускиот крал Луј 14. Интересно е што оваа вртоглава бројка е приближно на парите што ги дал за купување на Њукасл.

Но, со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него.

Замокот на Луј 14, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17. век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Поседува винарски визби, базени внатре и надвор и еден посебен со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, киносала, терен за сквош, соба во аквариум…

Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а посебно се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Спасител на светот“ (Салватор Мунди) која чини рекордни 400 милиони евра, која ја платил повеќе отколку англискиот клуб.

Исто така, замокот има 10 луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.

Покрај овој раскошен и луксузен замок, Салман поседува и една од 10 најдолги суперјахти на светот, долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот