ВИДЕО: Салернитана само го налути Јувентус, познати четвртфиналните двојки во Купот на Италија

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Се одигра и последниот натпревар од осминафиналето во Купот на Италија, Јувентус убедливо со 6:1 ја елиминираше Салернитана.

Фудбалерите на Салернитана уште во првата минута стекнаа предност со погодокот на Иксвуемеси, но потоа следува пресвртот на „Старата дама“.

За израмнување се погрижи Мирети во 12 минута, Камбијасо во 35 минута стрелаше за 2:1. Во 54 минута во листата на стрелците се запиша Ругани, а во 75 минута веќе беше 4:1 по автоголот на Брон.

По еден погодок во редовите на Јуве запишаа и Јилдиз во 88 минута и Веа во судиското надополнување (90+1`).

Познати се сите четвртфинални двојки во Купот на Италија: Фиорентина – Болоња, Милан – Аталанта, Лацио – Рома и Јувентус – Фросиноне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот