Илустрација/ Фото: Рexels-pixabay

ВИДЕО | Руски научници први во светот поврзаа мозок на стаорец со вештачка интелигенција: После тоа точно одговори на стотици прашања

Руските научници први во светот го поврзаа мозокот на стаорецот со вештачката интелигенција (ВИ), која му помага да даде точни одговори на различни прашања, објави „Спутник“, повикувајќи се на биотехнолошката лабораторија „Неири“.

„Руската лабораторија „Неири“, во соработка со научници од Московскиот универзитет, ги претстави првите резултати од уникатен експеримент – за првпат во светот, научниците и истражувачите го поврзаа мозокот на стаорец со вештачка интелигенција. Стаорецот е способен за одговарајќи на какви било прашања со помош на тастатурата“, рекоа тие.

Научниците го поврзаа мозокот на лабораторискиот стаорец Pythia со невроинтерфејс – уред кој работи во соработка со вештачката интелигенција, кој го дава точниот одговор преку електрична стимулација на мозокот.

Невроинтерфејс електродите овозможуваат стимулација на одредени делови од мозокот на глодарот. Стаорецот чувствува одредени сензации на одредено место кога треба да одговори „да“, а на друго место кога треба да одговори „не“.

За секој точен одговор, животното се наградува. Стаорецот точно одговорил на стотици научни прашања, како што се прашањата за квазарите, програмскиот јазик Python и датумот на раѓање на Алберт Ајнштајн.

Научниците забележаа дека во блиска иднина, секој човек кој има вграден невроинтерфејс ќе може да реагира на ист начин.

Се додава дека во иднина истражувачите планираат да развијат кориснички производ „кој ќе овозможи поврзување на човечкиот мозок со знаењето на целото човештво“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот