ВИДЕО: Руски комичари му се јавиле на Дуда и се преправале дека се Макрон

Фото Принтскрин Јутуб

Руски комичари, кои се преправале дека се францускиот претседател Емануел Макрон, успеале телефонски да стигнат до претседателот на Полска ноќта кога проектил паднал врз полско село во близина на границата со Украинa.

Комичарите со прекарите Вован и Лексус објавија седум и пол минутен телефонски разговор на интернет. На снимката се слуша како еден од нив се обидува да зборува со француски акцент со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Од кабинетот на полскиот претседател потврдија дека се случил инцидентот, кој сигурно ќе покрене низа прашања во Полска. Ова е вторпат во последните неколку години руските комичари да успеат да стигнат до Дуда.

Она што е особено загрижувачко е што инцидентот се случи во ноќта кога целиот свет стравуваше дека руската војна во Украина може да се прелее преку границите на земјата.

„Емануел, верувај ми, јас сум многу внимателен“, вели Дуда на снимката и додава: „Не сакам да војувам со Русија и верувајте, исклучително сум внимателен“.

Кабинетот на Дуда објави на Твитер: „По ракетната експлозија во Пржевуд, за време на разговор со шефови на држави и влади, со претседателот беше поврзано лице кое тврдеше дека е францускиот претседател Емануел Макрон. За време на разговорот, претседателот Анджеј Дуда од необичен начин неговиот соговорник го водел разговорот, сфатил дека може да се работи за обид за измама и го прекинал повикот“.

Полските власти започнаа истрага за да утврдат како руските комичари можеле да разговараат со претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот