Фото: Володимир Зеленски - „Икс“ / Принтскрин

ВИДЕО: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и со хиперсонични ракети – над милион домови останаа без струја

Москва потврди употреба на хиперсонични ракети во нападите врз Украина, без да изнесе податоци за цивилни жртви, во рамки на тековната офанзива која сè повеќе ги загрозува цивилното население и инфраструктурата.

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина останаа без електрична енергија по руски напад ноќеска, а поправките веќе се во тек, соопшти украинскиот оператор на електроенергетската мрежа, пренесе „Дојче веле“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „важно сите сега да видат што прави Русија бидејќи е јасно дека таа не е насочена кон завршување на војната“, додавајќи дека „Русите сè уште имаат за цел да ја уништат Украина и да предизвикаат најголемо страдање на украинскиот народ“.

Претседателот на управниот одбор на „Укренерго“, Виталиј Зајченко, изјави за украинската телевизија дека состојбата е најтешка во регионите Одеса, Миколаив и Херсон.

– Во моментов, повеќе од еден милион потрошувачи се без струја. Сепак, екипите за поправка, и од ‘Укренерго’ и од операторите на дистрибутивните системи, веќе започнаа со работа на обновување на снабдувањето и повторно приклучување на корисниците. Се надевам дека денеска ќе успееме да ја вратиме електричната енергија кај поголемиот дел од оние што беа исклучени во текот на ноќта – рече Зајченко.

ВИДЕО: Зеленски во панцир се јави од Купјанск, градот за кој Путин тврдеше дека е „ослободен“

Тој додаде дека условите за снабдување со електрична енергија во повеќето региони во саботата се подобрени во споредба со претходните денови.

Според Зајченко, Киев ќе се соочи со вкупно шест часа рестрикции, додека во некои региони прекините во снабдувањето ќе траат од осум до десет часа.

Една од најголемите руски рафинерии е во пламен, Украинците жестоко удрија врз Русија

Москва потврди употреба на хиперсонични ракети во нападите врз Украина, без да изнесе податоци за цивилни жртви, во рамки на тековната офанзива која сè повеќе ги загрозува цивилното население и инфраструктурата.

Руските сили во раните утрински часови во саботата лансирале повеќе од 450 дронови и 30 ракети од различни типови кон Украина, при што биле оштетени повеќе од 10 цивилни објекти, соопштија украинските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот