Рафинерија МОЛ во Унгарија

Една од најголемите руски рафинерии е во пламен, Украинците жестоко удрија врз Русија

Во синоќешните украински напади со беспилотни летала беше погодена руската рафинерија за нафта „Славнефт-ЈАНОС“ во Јарослав, една од петте најголеми во земјата, предизвикувајќи пожар во објектот, објавија локалните власти и каналите на Телеграм, објавува „Киев Индепендетн“.

Експлозии над градот

Жителите пријавија најмалку седум експлозии над градот, по што набрзо следеа извештаи за пожар во рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“, која се наоѓа на повеќе од 700 километри од украинската граница.

Гувернерот на Јарослав, Михаил Јевраев, претходно предупреди на закана од беспилотни летала во регионот, а разузнавачките служби со отворен код (OSINT) потврдија дека објектот е погоден. „Астра“, независен руски канал на Телеграм, објави фотографии и видеа од пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот