ВИДЕО: Роналдо ја казни грешката на Стојковиќ за четвртфинале во азиската Лига на шампиони

фото: EPA-EFE/STR

Фудбалерите на Ал Наср предводени од првата ѕвезда Кристијано Роналдо се пласираа во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Клубот од Ријад вечерва го победи Ал Фејха со 2:0 во реваншот од осминафиналето. Во првата средба меѓу овие две екипи Ал Наср победи со 1:0, па со вкупен резултат 3:0 се пласираше во следната рунда од натпреварувањето.

Во Ал Фејха, предводен од клупата на српскиот тренер Вук Рашовиќ, како и голманот Владимир Стојковиќ, се надеваа дека можат да направат сензација во реваншот и да го изненадат Ал Наср. Но, вечерва беа далеку од тоа, а натпреварот го одбележа и големата грешка на поранешниот српски репрезентативец.

Имено, во 86 минута Стојковиќ направи огромна грешка и практично му го подари голот на Роналдо. Претходно, Ал Наср го доведе Отавио во водство со гол во 17 минута.

Тимот на Ријад во четвртфиналето на азиската ЛШ ќе игра против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот