ВИДЕО: Рома водеше, па спасуваше бод во последната минута
Фудбалерите на Рома ремизираа на гостувањето кај Сасуоло со голот на Брајан Кристанте во последната минута од натпреварот во 24 коло во Серија А. Конечниот резултат на крајот беше 2:2.
Препорачано
Иако прва дојде во водство, „волчицата“ беше блиску до пораз на теренот во Реџо Емилија. Ситуацијата, сепак, колку-толку ја спаси Кристанте со голот по центаршутот на Жордан Верету.
Составот на Жозе Мурињо водеша во последната минута од првиот дел со погодокот од пенал на Теми Ејбрахам. Веќе во 47 минута стигна израмнувањето после автоголот на Крис Смолинг, а во 73 минута пресврт направи Хамад Траоре.
Сасуоло пет минути подоцна остана без играч поради исклучувањето на Ферари и со сите сили се обиде римскиот клуб да го искористи овој момент и тоа му успеа во судиското надополнување.
На табелата во италијанскиот шампионат Сасуоло е на 12 позиција со 30 бодови, додека Рома е на седмото место со 40.
ВИДЕО: Милан сега е на првото место во италијанската Серија А


