ВИДЕО: Ристовска во Топ 10 најдобри голови на Европското ракометно првенство

фото: РФМ

Неодамна заврши Европското првенство во женска сениорска конкуренција кое се одржа во три земји, Македонија, Словенија и Црна Гора.

Титулата ја одбрани репрезентацијата на Норвешка која во финалето успеа да ја совлада Данска со 27:25 во Арената Стожице во Љубљана, Словенија.

Официјалниот Твитер профил на ЕХФ Евро ги објави најдобрите 10 голови на континенталниот собир.

Изборот започнува со македонското десно репрезентативно крило Сара Ристовска која постигна убав гол против селекцијата на Холандија.

Најдобриот гол на ЕП 2022 го има романската ракометарка Бјанка Базалиу која во последните секунди реализираше победнички гол против Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот