Фото: Ловечко друштво „Еко-фазан“ Кичево / Фејсбук

ВИДЕО: Рис е снимен во шума во Кичевско – ретка средба со убавиот ѕвер

Членот на ловечкото друштво „Еко Фазан“, Љутфи Османи, објави ретка снимка од рис, кој е „фатен“ во шума во Кичевско преку ден, на дрво и во прекрасна позадина од есенски бои.

„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Љутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на овој редок предатор го докажува природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, се вели во соопштението на здружението „Еко Фазан“, кое ја објави фотографијата.

Балканскиот рис, кој е ендемски подвид на евроазискиот рис, со децении е критично загрозен во Македонија и во регионот. Се претпоставува дека на Балканот живеат уште само 40-50 единки. Главните опасности за опстанокот им се: загубата и фрагментацијата на природната средина, како и нелегалниот лов на рисот и неговиот плен, со што се намалува достапноста на храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот