Фото: Rangers FC

ВИДЕО: Ренџерс првпат победи сезонава во Лига Европа, Миовски одигра половина час

Ренџерс дури во седмото коло стигна до првата победа во овосезонското издание на Лигата Европа, но триумфот дојде предоцна за да има натпреварувачко значење. На „Ајброкс“, шкотскиот гигант минимално го совлада Лудогорец со 1-0, иако веќе беше без шанси за пласман во плејофот. Победата, сепак, му донесе проблеми на бугарскиот тим, кој падна на 25. позиција на табелата и во последното коло ќе мора да брка победа против Ница.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 33. минута, кога Диоманде го постигна единствениот погодок. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, по хет-трикот од минатата рунда, овојпат започна од клупата за резерви и доби шанса во 64. минута, но не успеа значително да влијае врз играта на својот тим.

Во исто време, Динамо забележа убедлива победа и обезбеди место во плејофот. По серијата од три порази, хрватскиот шампион доминантно го совлада ФЦСБ со 4-1. Натпреварот беше решен уште во раната фаза, откако Бакрар и Бељо донесоа водство од 2-0 до 11. минута. Бирлигеа намали, но во продолжението Бељо со вториот погодок и Куленовиќ во судиското надополнување го потврдија убедливиот триумф.

РЕЗУЛТАТИ
Рома – Штутгарт 2-0
Брага – Нотингем Форест 1-0
Селта – Лил 2-1
Динамо – ФЦСБ 4-1
Ференцварош – Панатинаикос 1-1
Ница – ГА Иглс 3-1
Ренџерс – Лудогорец 1-0
Салцбург – Базел 3-1
Утрехт – Гент 0-0

ВИДЕО: Костов херој, Звезда во последното коло ќе игра за топ 8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот