Фото: Црвена Звезда

ВИДЕО: Костов херој, Звезда во последното коло ќе игра за топ 8

Фудбалерите на Црвена звезда остварија исклучително значајна победа на гостувањето кај Малме, славејќи со минимални 0-1 во рамките на седмото коло од Лига Европа. Белградскиот состав одигра дисциплинирано и со јасна идеја, а наградата за добрата игра дојде уште во 16. минута, кога талентираниот Василије Костов, фудбалер со македонски корени, го постигна единствениот гол на натпреварот.

 

Домаќинот се обидуваше да се врати во игра во продолжението, но „црвено-белите“ рутински ја сочуваа предноста и стигнаа до триумф што значително ги доближува до пласман меѓу најдобрите осум екипи. Во последното коло, Црвена звезда ја очекува сериозен предизвик, бидејќи во Белград ќе гостува шпанска Селта Виго. Српскиот шампион по седум кола има 13 бодови, исто колку и Викторија Плзен која моментно е осмопласирана.

Во останатите натпревари од колото, германски Фрајбург забележа тесна победа од 1-0 над Макаби Тел Авив и ја продолжи серијата без пораз, забележувајќи петта победа и две ремија. ПАОК пријатно изненади во Солун, каде што со 2-0 го надигра Бетис, додека Лион остана на врвот на табелата со минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Јанг Бојс. Викторија Плзен и Порто пак ги поделија бодовите, одигрувајќи нерешено 1-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот