Видео реконструкција на несреќата во која загина Коби (ВИДЕО)

Службена реконструкција сè уште не е објавена, но „Флајт чанел“ објави видео реконструкција согласно официјалните службени белешки од полицијата, од изјави на сведоци, но и од последните разговори на пилотот со контролата на летање.

Хеликоптерот Сикорски С-76Б, кој во САД е регистриран како Н72ЕХ, прво бил во сопственост на државата Илиноис, а бил продаден во 2015 година.

Хеликоптерот полетал во 9:06 часот од Оринџ каунти областа, а крајна дестинација била „Мамба“ спортската академија.

Поради лошите временски прогнози полицијата на Лос Анџелес ги приземјила сите свои хеликоптери. Поради густата магла, патниците во хеликоптерот тој ден одлучиле да ја променат малку рутата, да ги заобиколат планините на ридската област кај Санта Моника.

Интересно е што истиот хеликоптер претходниот ден без никакви проблеми ја минал истата рута, а за лето до Академијата му требало околу 30 минути, што е значително побрзо отколку два часа со автомобил.

Но, веќе во 9:21 часот хеликоптерот биде принуден цели 11 минути да кружи над Зоолошката градина во Лос Анџелес, а воздушната контрола истакнува дека пилотот Ара Зобајан побарал посебни правила на летање во случај на лоши временски услови.

Во 9:33 хеликоптерот се упатил кон крајната цел, на која за жал никогаш не стигна. Со договор на контролната кула, се упатуваат кон ридскиот дел на западниот брег од Сан Фернандо. Но, како теренот станувал се повисок хеликоптерот во краток период за 36 секунди се издигнал на 300 метри.

Во 9:44 часот пилотот добива предупредување од контролната кула дека и натаму прениско лета. Тој не можел да види каде лета, но постапувал согласно упатствата од контролата на летот.

Во последната меѓусебна комуникација, според појавената аудио-снимка, контролата на летот го предупредила пилотот дека летаат многу ниско… Но, веќе било предоцна! Со брзина од 300 километри на час хеликоптерот во 9:47 часот се срушил во областа Калабасас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот