гото: скриншот/Фејсбук

ВИДЕО | Река понесе тинејџер во Бугарија, нуркачи го извлекоа

Спасувачки нуркачи, пожарникари и полицајци во Бугарија спасија 17-годишно момче што денеска влегло во надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во областа Велико Трново, во момент кога регионот се справува со последиците од силното невреме, поројните дождови и со поплавите, јавуваат бугарските медиуми.

Момчето влегло во реката, по што силната вода го понела. Во спасувачката акција биле вклучени екипи на пожарната, полицијата и специјализирани нуркачки тимови од Велико Трново.

Тинејџерот бил извлечен жив од водата и предаден на медицинска екипа за преглед. Според бугарските медиуми, неговата здравствена состојба е добра, но бил пренесен во болница заедно со родителите.

Спасувањето се случи во период кога реката Јантра е опасно надојдена по обилните врнежи што ги погодија централните делови на Бугарија. Во Велико Трново, Габрово и во Априлци беше прогласена вонредна состојба, а во повеќе населени места беа поплавени улици, дворови, домови и автомобили.

Во делови од регионот за кратко време наврнале огромни количества дожд, поради што локалните власти затворија патни правци и предупредија граѓаните да не се движат во близина на надојдените реки и ризичните зони.

 

 

Полицијата го опколила човекот што изврши масакр во Турција – тој си пресудил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот