ВИДЕО | Рецепт за волшебни солени стапчиња полнети со ајвар и сирење

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Jelenajela Petrovic

Ако сакате да направите вкусна и брза закуска за грицкање, го имаме вистинскиот рецепт за вас.

Солените стапчиња полнети со сирење и ајвар ќе ги остават сите без зборови.

Ваков деликатес не можете да најдете во пекарниците. Пробајте и уверете се сами!

Состојки:

– 200 мл млеко
– 2 лажици масло
– 10 г квасец
– 1 лажичка шеќер
– 300-350 г брашно
– 100 г сирење
– 3 жолчки
– 2 лажички ајвар

Подготовка:

Во млако млеко издробете го квасецот, додадете шеќер, па кога ќе стане пенесто, додадете брашно, масло и малку сол и замесете мазно тесто.

Оставете го да отстои 30 минути, па со сукало развлечете го во правоаголник. Сирењето издробете го, додадете ги жолчките и изедначете со мешање. Смесата поделете ја на два дела.

Во едниот дел додадете 2 лажички ајвар и измешајте.

На долната половина од тестото додадете лента од сирењето, па лента со ајварот и така до крај. Покријте со горниот дел од тестото, притиснете со раце и малку расукајте со сукалото.

Исечете на ленти и завиткајте ги. Редете во плех претходно подмачкан со масло. Покријте ги да нараснат малку, премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам, ким и крупна сол. Печете на 200 степени околу 25-30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот