ВИДЕО | Рецепт за солена торта од тост леб: Готова за 10 минути

Фото: Printscreen / YT / Nat Ur

Кога ви треба брзо мезе, предјадење, предлагаме да направите мини солена торта. Потребни се само околу 10 минути за да се подготви, а состојките можете да ги комбинирате по желба. Доколку не сакате ф’стаци, можете да ги замените со некое друго јаткасто овошје, но и со сосема поинаква храна. Ова предјадење ќе ги воодушеви сите гости и е спас на секоја домаќинка.

Состојки:

– тост леб
– тврдо сирење
– шунка
– ф’стаци
– крем-сирење
– мајонез

Подготовка:

Ф’стаците исечкајте ги и одвоjте ги во еден сад. Шунката и сирењето по избор ставете ги сад. Крем-сирењето и мајонезот извадете ги од фрижидер.

Намачкајте 2 парчиња тост со мајонез, па одозгора ставете сирење. На едно парче леб ставете две парчиња шунка, па поклопете со друго парче леб (така што сирењето да е свртено кон шунката).

Исечете ги краевите, премачкајте со крем-сирење и извалкајте ги во ф’стаци. Исечете триаголници и послужете ја мини солената торта. Ова мезе е одличен предлог за секоја пригода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот