ВИДЕО | Рецепт за домашен леб полнет со лук и кашкавал, се топи во уста
Нема ништо подобро од домашен леб наутро за појадок или за вечера. Многу е повкусен од купениот во продавница, а сега ви предлагаме одличен рецепт. Доколку сакате лебот да ви биде уште повкусен, наполнете го со ароматичен намаз од лук и рендан кашкавал по избор. Ништо подобро нема да вкусите, а доволно е да го послужите со домати или со чаша јогурт.
Препорачано
Состојки:
За тестото:
– 300 грама брашно
– 135 мл топла вода
– 3 g сув квасец
– 1,5 лажички шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 јајце
– 2 лажици маслиново масло
За филот:
– 4 чешниња лук
– 50 грама солен путер
– 1/2 китка магдонос
– 2 лажици маслиново масло
– 120 грама тврд кашкавал
– 1 жолчка од јајце
Подготовка:
Сипете топла вода во сад, а потоа додајте ги квасецот и шеќерот. Измешајте, па додајте го изматеното јајце, па повторно измешајте. Покријте и оставете го да отстои околу 10 минути. Потоа додадете го просеаното брашно и солта, па прелијте со маслото и замесете тесто. Формирајте топка, ставете во сад и покријте со проѕирна фолија. Оставете го да стаса околу еден час.
Во сад измешајте ги ситно сечканиот лук, путерот на собна температура, сечканиот магдонос и прелијте со масло. Добро измешајте ги сите состојки. Изрендајте го кашкавалот. Готовото тесто развлечете го на набрашнета површина, па премачкајте го со филот со лук и посипете го со кашкавал. Свиткајте (за да добиете погача) и добро затворете со прстите.
Исечете го лебот на еднакви делови и наредете ги еден до друг во тепсијата што сте ја премачкале со путер. Покријте го лебот и оставете го да отстои 45 минути. Потоа премачкајте го со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час. По 25 минути покријте со алуминиумска фолија и печете уште 5 минути.


