Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Рецепт со само две состојки: Направете го јапонскиот чизкејк кој стана вирален на социјалните мрежи

Едноставен рецепт за јапонски чизкејк за кој се потребни само две состојки ги освои социјалните мрежи, а неговиот вкус ќе ве воодушеви. Многу блогери за храна и инфлуенсери го пробаа овој рецепт и изјавија дека се воодушевени.

Состојки:

– Eден грчки јогурт

– Неколку парчиња бисквити

Подготовка:

Ставете ги бисквите во пакувањето со грчки јогурт, затворете го и оставете го во фрижидер преку ноќ. Чизкејкот потоа е подготвен за јадење.

Видеото од профилот на Џерика Фистс досега е прегледано речиси девет милиони пати на Инстаграм, а многу од нејзините следбеници велат дека овој чизкејк е хит.

„Овој рецепт функционираше и е навистина вкусен!“; „Никогаш не помислив дека ова може да биде добра комбинација“; „Феноменален вкус“, се некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jerica | nyc foodie (@jerica.feasts)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот