Противпожарен хеликоптер се урна во Јужна Кореја/Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

ВИДЕО | Разорни шумски пожари во Јужна Кореја, се урна пожарникарски хеликоптер додека ги гаснеше

Хеликоптер вклучен во гаснењето на најмалку десет шумски пожари што ги зафатија јужните делови на Јужна Кореја денеска се урна, при што загина неговиот пилот, соопшти пожарникарската служба.

„Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарите се урна во планинска област“ во округот Улсан, објасни јужнокорејската противпожарна служба, потврдувајќи дека пилотот е „прогласен за мртов на лице место“.

Според јужнокорејската национална новинска агенција Јонхап, шумската агенција одлучила да ги приземји сите хеликоптери кои досега биле вклучени во операциите за контрола на пламените јазици кои веќе ги однесоа животите на 18 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот