ВИДЕО: Разбојници со пушки се обидоа да киднапираат цела фудбалска репрезентација!

Фото: facebook.com/footballbelize/

Хаос на Хаити, мотоциклисти го блокираа патот на селекцијата на Белизе која се подготвува за настапите во квалификациите за Светското првенство.

Фудбалската репрезентација на Белизе доживеа вистински хорор по пристигнувањето во Хаити, каде треба да одигра квалификациски натпревар за учество на следниот Мундијал.

На тој пат нивната полициска придружба беше запрена од вооружени лица со пушки.

Тие побараа од возачот да го запре автобусот и го замолиле да се сврти и да оди каде што тие наредија, но за среќа на фудбалерите, полицијата брзо стигна која ги следела.

– Згрозени сме од она што ни се случи по пристигнувањето во Хаити и сме во контакт со ФИФА и КОНКАКАФ со цел да им обезбедиме на нашите играчи максимална безбедност за време на нивниот престој тука. Иако се видливо потресени од она што се случи, сите играчи се добро и покажаа голема храброст – стои во соопштението на репрезентацијата на Белизе.

Да додадеме уште дека Хаити е познат по честите киднапирања и дека земјата има навистина големи проблеми со разбојниците кои киднапираат и до 15.000 луѓе месечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот