Американскиот рапер Офсет - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Раперот Офсет настапи во инвалидска количка шест дена по пукањето

Американскиот рапер Офсет, со вистинско име Кијари Кендрел Сефус, се врати на настапите само шест дена откако беше ранет во пукање на Флорида, пренесува „Пипл“.

Инцидентот се случил пред хотелот и казиното „Семинол Хард Рок“, а раперот по укажаната помош и краткиот престој во болница сепак продолжил со планираните обврски.

Само неколку часа по отпуштањето од болница, Офсет настапи на студентскиот фестивал Роуфест на Универзитетот во Арканзас. На сцената пристигна во инвалидска количка, но набрзо стана и остатокот од настапот го изведе стоејќи пред публиката.

На концертот ги изведе своите познати хитови, вклучувајќи ја и песната „Bad and Boujee“ од периодот кога беше член на групата „Мигос“.

Ден по настапот сподели видеа и фотографии на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се и нагласувајќи дека се чувствува добро, но и дека е фокусиран на закрепнувањето и семејството.

Порака на американскиот рапер Офсет – Фото: Инстаграм

„Вистинска љубов. Бог е добар. Ви благодарам на сите“, напиша раперот во објавите.

Во претходна порака по излегувањето од болница тој порача: „Ви благодарам на сите кои ми испративте пораки и ми дадовте поддршка. Добро сум, но сакам да бидам уште подобар. Фокусиран сум на семејството, закрепнувањето и музиката. Свесен сум дека животот е полн со подеми и падови, но продолжувам понатаму“.

Додаде и дека приоритет му се закрепнувањето и семејството, како и враќањето на музичката кариера.

Според наводите на полицијата, во врска со пукањето бил приведен и раперот Лил Тџеј, кој подоцна негираше каква било вмешаност во инцидентот. Истрагата за случајот сè уште трае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот