ВИДЕО | Рапер си направил тетоважа со бројот од банкарската сметка: Фановите почнаа да му уплаќаат пари

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Корејскиот рапер Ву Вон објави видео на „Јутјуб“ во кое на своите обожаватели им го објаснуваше значењето на неговите бројни тетоважи, а во еден момент ја покажа и тетоважата на раката која го прикажува всушност неговиот број од банкарската сметка.

Ву откри дека се тетовирал во истиот ден кога го потпишал договорот со издавачката куќа „AOMG“, неговиот прв договор кој го потпишал во животот.

Раперот призна дека му било тешко да го бара бројот од банкарската сметка секој пат кога одел во банка, па токму затоа решил да ја направи оваа тетоважа.

Откако неговите обожаватели ја виделе тетоважата, тие започнале да му уплатуваат пари.

„Обожавателите постојано ми испраќаат пари. Тоа не беше мојата намера, па токму затоа апелирав да престанат“, откри Ву.

Сè уште не е познато дали фановите го послушале, ниту пак што направил тој со парите кои досега ги добил од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот