„Романтичарите“ во Анталија го запишаа вториот триумф: Фото: facebook.com/fcrabotnicki

ВИДЕО: Работнички убедливо славеше против рускиот Факел

Работнички одигра неофицијален пријателски натпревар со рускиот второлигаш Факел и победи со 3:0.

Марио Станковски за водство реализираше пенал во седмата минута, а четири минути подоцна противникот си постигна автогол.

Конечниот епилог го постави Бојан Илиевски во 87 минута од средбата за радост на „романтичарите“.

На претходните тестови во Анталија кои служат како подготовка за вториот дел од сезоната, составот на Борче Христов триумфираше над украинскиот прволигаш Лвов (1:0), а со истиот резултат загуби од полската Краковија.

Да додадеме уште дека Арменд Алими кој оваа зима се најави како големо засилување во клубот, поради повреда ќе паузира шест месеци. Имаше успешна операција на тетивата на левата нога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот