Пукање на Универзитетот Линколн во Пенсилванија/Фото: Kyle Mazza / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

Најмалку едно лице е убиено, а шест други се ранети во пукотница на Универзитетот Линколн во Пенсилванија  вчера вечер за време на прославата за враќање на поранешните студенти, потврдија официјални лица, објави Си-ен-ен.

Пукањето се случило во близина на Меѓународниот културен центар на кампусот, каде што се одржувала прослава по попладневниот фудбалски натпревар. Вкупно седум лица биле застрелани.

Беше хаотична сцена, со луѓе кои трчале во сите правци“, изјави окружниот обвинител на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе, на прес-конференција денеска.

Тој додаде дека неколку други лица се повредени откако биле изгазени во стампедото додека луѓето трчале за да се засолнат.

Истрагата е во тек

Службениците не објавија детали за состојбата на шесте повредени, кои биле однесени во болници во соседниот Делавер. Мотивот за нападот сè уште не е познат, но де Барена-Саробе рече дека не изгледа дека станува збор за „некој што влегол со намера да предизвика голема штета на универзитетскиот кампус“.

Едно лице кое носело пиштол е приведено, но истражителите сè уште собираат информации.

„Немаме многу одговори за тоа што точно се случило“, рече обвинителот, истакнувајќи дека можеби имало повеќе напаѓачи. Локалните, државните и федералните органи за спроведување на законот се вклучени во истрагата, а ФБИ ги повика сите што имаат информации за пукањето да се јават.

Шефот на универзитетската полиција, Марк Парти, го изрази своето жалење за трагедијата што ја засени прославата на наследството на Универзитетот Линколн, првиот историски црнечки универзитет во Соединетите Држави што доделува дипломи.

Инцидентот се случи само еден ден откако пет лица беа ранети во пукање во близина на кампусот на Универзитетот Хауард, уште еден историски црнечки универзитет, во Вашингтон, кога училиштето ги започна своите активности и натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот