ВИДЕО: Психолошката драма „Мими“ доби средства од Хрватска

На седницата на Хрватскиот аудиовизуелен совет што се одржа на 15-ти декември, се одлучуваше за распределба на средства во рамките на Конкурсот, во последниот рок за оваа година, меѓу другите и за поттикнување на филмски копродукции со малцинско учество на Хрватска.

Хрватскиот Аудиовизуелен Центар -ХАВЦ одобри поддршка за долгометражниот игран филм со работен наслов „MИМИ”, сценарио и режија на Даријан Пејовски. Со тоа Хрватска, преку продукциската куќа Максима Филм, и официјално се вклучува како земја копродуцент на овој филм.

„МИМИ” е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.

Главната улога ја толкува Наталија Теодосиевска, а во филмот играат и: Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Дениз Абдула и др.

Кинематографер е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, дизјан на звук – Игор Поповски, костимите се на Емилија Ивановска Атанасовска, а шминката на Ива Куробаса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот