Принцот од Врање и Даниел Кајмакоски / Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Прво огласување на Даниел Кајмакоски по киднапирањето, еве зошто излезе од илегала

Со важна порака, Даниел Кајмакоски за првпат се огласи на социјалните мрежи по киднапрањето во февруари во Белград.

Да потсетиме, Кајмакоски беше киднапиран на 7 февруари во Белград. Тој бил пресретнат од вооружени лица близу „Бетон хала“ во Белград, по настапот во еден елитен клуб. Тие под закана со нож и пиштол го врзале и го ставиле во автомобил со намера да му изнудат 20.000 евра. Кајмакоски бил спасен откако полицијата се обидела да го запре автомобилот со киднаперите кај градот Рума.

Снимка од Кајмакоски како ја пее „Битола мој роден крај“ објави пејачот Принц од Врање, ланскиот српски претставник на Евровизија.

„Пробите за ‘Душата на Балканот 2’ се во тек, а ние ви испраќаме топла и јужњачка енергија за 17 април. Ве чекаме во салата МТС, напиша пејачот од Врање за концертот на кој ќе му гостува Кајмакоски.

По неколку недели, Даниел се појави во јавноста за првпат откако беше киднапиран. Кајмакоски настапил во истиот елитен ресторан, каде што бил киднапиран, и ја воодушевил публиката.

Полицијата сè уште трага по двајцата мажи што го киднапираа македонскиот пејач .Киднаперите, врзаниот Кајмакоски, го возеле 63 километри со неговиот автомобил, бегајќи од полицијата.

Во интервју за „Слободен печат“, Стефан Здравковиќ познат како Принц од Врање, зборуваше за неговото пријателство со Кајмакоски.

„За жал, Македонија и годинава не учествуваше на Евровизија, но јас сум многу близок пријател со Даниел Кајмакоски и навистина би сакал тој повторно да ја претставува Македонија. А, јас кога победив на српскиот избор и кога дознав дека ќе одам на Евровизија, мојот сон тука се оствари. Понатаму, јас за пласманот не можам многу да направам ниту да влијаам“, рече пејачот.

ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот