Instagram
Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе

Синоќа во Белград бил киднапиран македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, а случајот ја подигна на нозе целата полиција. Според она што досега го објавија медиумите, Кајмакоски бил грабнат на паркинг, кога одел кон својот автомобил.

Во еден момент, двајца мажи, неофицијално турски државјани, му пришле на пејачот и со закана со пиштол го присилиле да влезе во нивниот автомобил.

Според извори од истрагата кои ги цитира „Курир“, пејачот бил врзан и однесен со автомобил кон излезот од Белград. За време на возењето, киднаперите му се заканувале и побарале откуп од 20.000 евра за да го пуштат. Тие му кажале дека нивни соучесници, кои наводно веќе го надгледувале неговиот стан, ќе им наштетат на неговата сопруга и на децата.

Се појави и снимка од безбедносна камера на која се гледа моментот на грабнувањето.

Полицијата реагирала брзо откако добила дојава за сомнително движење на возило, по што почнала драматична потера, која завршила на автопатот кај Рума. Откако сфатиле дека се следени, грабнувачите нагло забрзале, но во еден момент ја изгубиле контролата и удриле во заштитната ограда на автопатот.

По ова, напаѓачите успеале да избегаат пеш во блиската шума, користејќи ја ноќта и тешкиот терен. Кога полицијата пристигнала на местото, го затекнала Кајмакоски врзан за седиштето, видно потресен, но без сериозни телесни повреди. Лекари го прегледале пејачот и му укажале помош, по што тој бил префрлен на безбедна локација.

Идентитетот на киднаперите е веќе познат и по нив е распишана потерница. Полицијата предупредува дека станува збор за вооружени и опасни луѓе. Таа ги повика граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават доколку забележат луѓе кои се сомнителни. Во акцијата се вклучени специјални единици, кучиња трагачи и дронови, а засилени контроли има и на граничните премини со Романија и Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот