ВИДЕО | Прва титула во Индијан Велс за Арина Сабаленка
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка новата е шампионка на турнирот во Индијан Велс, САД. Во мечот за пехарот успеа да ја победи Елена Рибакина од Казахстан со 3:6, 6:3, 7:6 (6) по два часа и 34 минути игра.
Препорачано
Сабаленка ѝ се одмазди на Рибакина за поразот во финалето на првиот грен слем годинава, Австралија опен.
Сабаленка за првпат го освојува Индијан Велс во својата кариера, а тоа е нејзината 10 титула на турнирите од серијата 1000.
Таа стана и четвртата тенисерка со двоцифрен број титули на овие турнири откако беше воведен форматот во 2009 година, по Серена Вилијамс (13), Ига Швјонтек (11) и Викторија Азаренка (10).
Сабаленка можеше да го заврши мечот пред тај-брејкот. Таа беше првата што направи брејк во третиот сет, во гем во кој Рибакина водеше со 40:0. Таа ја имаше таа предност до 5:4 кога сервираше за титулата. Но, Рибакина исто така играше на врвно ниво – и успеа да се избори за тајбрејк.
Казахстанската тенисерка имаше свои шанси таму, дури имаше и меч-топка, сепак, таа не ја задржа таа предност.
За Сабаленка ова беше трето финале, претходно беше поразена во 2023 токму од Рибакина, и лани против Мира Андреева.
Навивачите сега се свртуваат кон Мајами, каде што Белорусинката ќе игра како актуелен шампион.
Worth the wait 🙌🏆@SabalenkaA | #TennisParadise pic.twitter.com/ZpdJ0xwR4M
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 15, 2026


