ВИДЕО | Промашување на сезоната во Лигата на шампионите: Фудбалер на Шахтјор не погоди на празен гол

Фото: Screenshot

Фудбалерот на Шахтјор Данило Сикан пропушти огромна шанса на својот тим да му донесе важна победа против Селтик.

Шахтјор против шкотскиот тим одигра 1:1, а Сикан не реализираше чиста ситуација од само неколку метри. Во контрата на Шахтјор од својот соиграч Сикан доби додавање и пред себе имаше празна мрежа, но очајно реагираше.

По ова реми и победата на Лајпциг против Реал Мадрид, украинскиот клуб во последното коло ќе мора да го победи Лајпциг за да се пласира во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот