ВИДЕО | Проф. Ивановски: Круцијален момент сега е стимулирање на инвестициитe

Очекување кај нас економистите беше појава на инфлација, но заради намалената потрошувачка се уште нивото на цените е ниско и за среќа не се појави и инфлацијата што ќе влијаеше негативно на економскиот амбиент. За тоа можеме да бидеме среќни, а и политиката на НБРМ говори дека не треба да очекуваме инфлација, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, професор на УТМС Зоран Ивановски.

-Генерално помошта која се предвидува како финансиски стимул е во рамките на можностите, но тоа не може вечно да трае. Во однос на ребалансот и пристапот на помошта сметам дека тој е предвиден за помош на најпогодените, но сметам дека не е доволно само со овој начин на помош- вели професорот Ивановски.

-Според мене круцијален момент сега е стимулирање на инвестициите. Ние без нив не можеме да издржиме. Затоа јас би и препорачал на Владата, освен стимулативните пакети и поддршка на најранливите да размислат и околу пакетот на мерки кој не е поврзан со дополнително задолжување на државата, а може да се објасни со олеснување на условите за инвестирање, односно откажување на државата од дел од своите приходи по основ на комуналии и други давачки. Клучно е како сега да ја мотивираме економијата, смета Ивановски.

Целиот разговор со проф. Зоран Ивановски погленете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот