ВИДЕО: Пристигнува серијата за убиството (и судењето) кое ја шокираше Америка

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Hulu“ го објави трејлерот од својата претстојна вистинска крими серија „Candy“. Оваа петнеделна серија во главна улога ја има Џесика Бел која ја глуми Кенди Монтгомери, обичната домаќинка од Тексас чиј ионака мирен живот започнува да се менува за на крај да кулминира со шокантно убиство на пријателката Бети Гор.

И додека првиот тизер се занимаваше со судењето, трејлерот е фокусиран на тоа што довело до судењето.

Во трејлерот откриваме дека пријателството на две жени се менува во моментот кога Монтгомери ја започнува врската со Алан, сопругот на Бети Гор, а откако ќе се открие врската, Монтгомери ја убива Бети удирајќи ја со секира 41 пат.

Работите стануваат уште полуди откако Монтгомери ја ослободуваат бидејќи наводно се работело за самоодбрана.

Инаку, ова е втора серија која се занимава со овој случај, а „HBO Max“ со љубовниот тријаголник ќе се позанимава во серијата „Love and Death“ каде во улогата на Монтгомери ќе се најде Елизабет Олсен.

„Candy“ со емитувањето ќе започне на 9 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот