ВИДЕО | Претседателот на Таџикистан до Путин: Не сме 100 или 200 милиони, но бараме почит

Рахмон и Путин/ Фото EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK /

Во главниот град на Казахстан, Астана се одржа самит на земјите од Централна Азија и Русија.

По тој повод, претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, му порача на Владимир Путин дека Русија треба да престане да се однесува кон земјите од Централна Азија како да се сè уште дел од Советскиот Сојуз.

„Не сме 100 или 200 милиони, но сакаме да нè почитуваат. Кој договор го прекршивме? Дали можеби ве поздравивме на погрешен начин? Секогаш сме ги почитувале интересите на нашиот главен стратешки партнер (Русија)“. 70-годишниот Рахмон му рекол на Путин.

„Ние сакаме да бидеме почитувани. Владимир Владимирович, ве молам, не водете политика каде што земјите од Централна Азија се третираат како да се дел од СССР. Ние секогаш најмногу ја почитувавме Русија. Но, сакаме и почит! Па кои се ние? Абориџините? Дајте“, заклучи таџикистанскиот претседател.

Инаку, ова е прв самит на Централна Азија и Русија, а на него покрај Путин и Рахмон учествуваа и претседателите на Казахстан, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот