Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со претседателот на руската Дума Володин/Фото: Marat Abulkhatin / Sputnik / Profimedia

ВИДЕО | Претседателот на државната дума се сретна со Ким Џонг-ун во Северна Кореја

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговата посета на Пјонгјанг, објави рускиот парламент во четвртокoт.

Володин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, ги пренесе поздравите од моќникот на Кремљ и му се заблагодари на Ким за поддршката на Северна Кореја за воената операција на Русија против Украина.

Во телефонски разговор во вторник, Путин го информираше Ким за планираната средба со неговиот американски колега Доналд Трамп во Алјаска.

Во писмо до Путин, Ким вели дека севернокорејските и руските војници изградиле „пријателство и единство“ на бојното поле, борејќи се против „заеднички непријател“, според севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Пјонгјанг и Москва потврдија распоредување на севернокорејски трупи во рускиот регион Курск за ослободување на териториите окупирани од украинските сили по нивниот ненадеен прекуграничен напад во август 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот