ВИДЕО: Премиерата на филмот за Арета Френклин одложена за летото 2021 година

Фото: Профимедиа

Премиерата на филмот „Respect“ за славната пејачка Арета Френклин веќе втор пат е одложена, а новиот датум е 13 август 2021 година, дури една година по првично закажаната премиера.

Оскаровката Џенифер Хадсон ја избра лично Арета пред таа да почине во 2018 година.

„Се сретнавме во Њујорк, а првата работа која ми ја кажа беше – Ќе освоиш и втор Оскар играјќи ме мене, зарем не? Одговорив дека ќе се обидам“, изјави Хадсон.

Режијата а филмот ја потпиша Лиесл Томи, а улогите ќе ги толкуваат Марлон Вајанс, Одра Мекдоналд, Форест Витејкер, Квин Латифах, Мери Џеј Блајџ и Марк Марон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот