ВИДЕО | Преку ноќ е срушен ресторанот „Парк“ во Охрид кој требаше да биде споменик на културата

Добивме информација пред еден месец дека се планира да се руши ресторанот „Парк“ и на негово место да се гради хотел. Реагиравме веднаш. Градоначалникот излезе со изјава со која што објасни што се случува. Во меѓувреме, викендов се сруши ресторанот „Парк“ и тој веќе не постои. Така за жал нашата иницијатава да се зашити привремено како споменик на културата или да се изнајде форма со која би се одложило неговото уривање, не се реализираше и тоа е моменталната состојба – ресторан „Парк“ не постои повеќе, изјави во Утрински брифинг, Катерина Василевска, Охрид СОС.

„Парк“ се урива, надлежните си ја префрлаат одговорноста: Дијалог на глувите го бетонира охридското крајбрежје

Ингеренциите за зашита на културното наследство ги носат исклучиво министерствата и владата и само со нивна дозвола. Министерката Стефоска пред се треба одговорноста да ја бара во сопственото министерство за култура и во другите надлежни министерства, вели Василевска.

Градоначалникот и да не се сложува лично со рушењето и градбата на нов објект не може ништо да нправи, бидејќи се е согласно закон – дека во рамките на предвидениот пероид од 2 години фирмата инвеститор поднела информација дека почнала со градба. Ние велиме дека не е доволно да се поднесе информација со градба, туку да почне да се гради. Сите во Охрид знаат дека до пред еден месец околу тој објект немаше индиции дека нешто ќе се гради или руши таму, вели Василевска.

„Едно од решенијата за уништувањето на културното и природното богатство во Охридскиот регион е да се лоцира точно кој е одговорен и кои се тие лица, со име и со презиме кои потпишале и одобриле вакви нарушувања на културното н природното наследство и тие можат лесно да се лоцираат, да не одиме со колективна одговорност“, вели Василевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СП. (@slobodenpecat)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот