ВИДЕО | Празнична магија: Миа Костова ја накити елката со златни украси

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Традицијата на китење на новогодишна елка датира од 17-от век. Првите украси биле восочни свеќи, за разлика од денешните традиционални украси и лампиони во најразлични форми и бои. Оваа традиција, за првпат се појавува во Германија, кога христијанските верници започнуваат да внесуваат накитени зимзелени дрвца во своите домови, за да го одбележат Божиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)


Заблескаат елките и во домовите на нашите познати личности, а благодарение на социјалните мрежи имавме можност да ѕирнеме како ги накитиле.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Прекрасна елка, богато накитена со златни украси и лампиони засветка во домот на нашата позната водителка и инфлуенсерка Миа Костова. Костова со своите следбеници сподели видео додека заедно со Тијана уживаа во украсувањето на нивниот дом.

 

Миа важи за една од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас и една од највлијателните личности на социјалните мрежи. Искреноста е нејзина главна карактеристика, дури и кога зборува на теми кои, за жал, сѐ уште важат за табу во нашето општество.

ВИДЕО | „Ништо не ме правеше среќна“: Миа Костова искрена за борбата со анксиозноста и депресијата

ФОТО | Отворено со Миа Костова: Горда сум што живеам своја на своето и немам кредити!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот