Пожарникари спасија куче од водите на Луда Мара во Кавадарци / Фото: Митко Јанчев, Фејсбук

ВИДЕО | Пожарникари спасија куче од водите на Луда Мара во Кавадарци

Пожарникарите во Кавадарци синоќа успеале да спасат куче од водите на реката Луда Мара, по пријава од член на здружение за заштита на животните.

Кучето било забележано во речното корито – мокро, исплашено и беспомошно. Членот на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш ја известил Противпожарната служба, која реагирала брзо и професионално, извлекувајќи го животното од водата.

Кучето е пренесено во стационар каде ќе добие соодветна нега и помош. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во објава на Фејсбук ја истакна храброста и вниманието на пожарникарите, потенцирајќи дека хуманите дела зборуваат најгласно и дека заедно се спасуваат животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот