Во пожар изгоре театар во Неапол/Фото: NapoliPress / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Пожар го уништи историскиот театар „Санацаро“ во Неапол

Пожар што избувна и се прошири утрово околу 6 часот по локално време го уништи историскиот театар „Санацаро“ во Неапол, во централниот округ Кјаја, пренесува АНСА.

Покривот на театарот се урна. Сите блиски станбени згради се евакуирани, а четири лица се однесени во болница со респираторни проблеми. Шест противпожарни возила се уште се на местото на настанот.

Пожарот е можно да е предизвикан од краток спој, но причините за него сè уште не се утврдени.

Театарот бил отворен во 1874 година и од првите години од неговото работење бил поврзан со традицијата на неаполската комедија и популарниот театар.

Во текот на 20 век доживеал периоди на просперитет и опаѓање, а претрпел и оштетувања за време на Втората светска војна. Постепено бил реновиран и вратен во целосна функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот