ВИДЕО: Повреда за крај на славната кариера – Шпанецот Давид Силва се збогува со фудбалот

фото: EPA/PETER POWELL

Давид Силва заработи тешка повреда на коленото на тренингот на Реал Сосиедад и реши да стави крај на кариерата. Легендарниот шпански фудбалер, најпознат по настапите во Манчестер сити, официјално се прости од фудбалот.

Силва на подготовките со Реал Сосиедад заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а на 37-годишниот фудбалер му беше тешко и очигледно не беше подготвен уште еднаш да го помине исцрпувачкиот процес за опоравување од таа повреда.

Поради тоа Шпанецот реши да ги закачи копачките и да стави крај на оваа епизода од својот живот.

Силва во својата кариера настапуваше за Валенсија, Селта Виго, Манчестер сити, а последните три години настапуваше за баскискиот тим.

Во кариерата освои 20 трофеи, од кои четири титули во Премиер лигата со Сити, и две европски првенства (2008, 2012) и Светското првенство во 2010 година со Шпанија.

Во клупската кариера одигра 744 натпревари во кои постигна 121 гол и запиша 194 асистенции. За шпанската репрезентација настапи 125 пати и постигна 35 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот