ВИДЕО: Потресни сцени во Лондон, Аспиликуета остана без свест по страшен удар во главата

фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Фудбалерот и воедно капитен на Челси, Сезар Аспиликуета остана без свест на натпреварот против Саутемптон откако беше „нокаутиран“ од Секу Мара.

Саутемптон, последнорангираниот во Премиер лигата приреди изненадување (0:1) на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон откако со голот на Џејмс Вард Проус дојде до петтата победа сезонава со што ја продолжи кризата на лондонските „сини“ кои веќе четврти натпревар по ред не знаат за триумф.

Победата на „светците“ падна во втор план по ужасниот старт на Секу Мара во средината на вториот дел.

Напаѓачот на гостите се обиде со ножички да постигне атрактивен гол, но играчот на Челси се попречи, па Мара наместо топката, директно удри во главата на Аспиликуета. Шпанецот остана без свест, по што веднаш мораше да реагира лекарскиот тим, а потоа беше и изнесен од теренот со носилки.

На табелата Челси е на 10 место со 31 бод, додека Саутемптон е на последната 20 позиција со 18 бодови. Во другите мечеви: Брентфорд – Кристал палас 1:1, Брајтон – Фулам 0:1, Евертон – Лидс 1:0, Нотингем – Манчестер сити 1:1, Вулверхемптон – Бурнмаут 0:1.

На табелата води Арсенал со 54 бодови, два повеќе од второпласираниот Манчестер сити, со напомена дека „топџиите“ имаат еден натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот