Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Потресна исповед на Игор Џамбазов: „Добив неколку шлаканици, ме кутнаа на земја и фино ме удираа“

Кариерата на македонскиот актер, шоумен, водител и музичар Игор Џамбазов е долга и разнолика, но искуствата од приватниот живот му донеле многу лекции кои често ги споделува со публиката. Во неодамнешно интервју за „Курир“, Џамбазов зборуваше за моменти од својот живот кои биле исклучително тешки и опасни, особено во периодите кога имал финансиски проблеми.

„Да, тогаш се исплашив таа вечер, заврши ’Пирамида‘. Во понеделник беше ’Пирамида‘, јас требаше во четврток да ги вратам парите. И сега, во тоа време знаеш, од таа агонија викаш: ’Чекај да заврши емисијата, ќе дојдам дома, па ќе мислам за четврток‘. Но, не дочекаа четврток. Јас излегував, за секој случај, од задниот излез на Македонска телевизија. Тука ме чекаа, добив неколку шлаканици, ме ставија во кола, ме однесоа во Арачиново. Ме кутнаа на земја, три-четворица ме удираа баш фино, многу фино знаеја да не ме удираат по лице, оти без лицето нема да ги вратам парите, не можам да се појавам на телевизија. Се сеќавам дека ѝ се јавуваа на Искра по телефон, ме удираа за да пуштам звук, ама јас к’на од Козле, па не пуштам звук, разбираш? Па тоа … тоа се … Сега некој кога ќе ми каже: ’Абе, што ги раскажуваш тие работи?‘, абе луѓе, јас сум ги напишал овие работи во книга. Ги раскажувам не за да се фалам или да ви кукам, туку за да не ви се случи истото и вам. Значи, бегајте од обложувалници, од автомат клубови, од брзи кредити, од каматари, бегајте од тоа! Секој си има свое сонце на оваа планета. Секој може да си го пронајде сопственото сонце, дали во себе, дали во блискиот свој, во неговото опкружување. За секого има решение, секој има шанса да живее добар живот. Но, со овие 3-4 предуслови, со овие 3-4 одвратни работи што уништиле многу животи … едноставно … знаеш, дете на 18 ќе заглави со брзи кредити заради комар, но не заглавува само детето, мајка, тато, братучед му, целото семејство, фирмата каде што работи …“

Џамбазов со своето искуство испрати важна порака до младите и до сите кои се соочуваат со финансиски ризици. Неговото предупредување е јасно, избегнувајте брзи кредити, казино, автомат клубови и лесни пари, бидејќи последиците можат да се одразат не само врз вас, туку и врз сите околу вас.

Покрај своите лични искуства преточени во неколку книги, Игор продолжува да гостува во различни емисии и поткасти и редовно ги користи социјалните мрежи за да ги сподели своите сведоштва, поуки и инспиративни мисли со публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот