ВИДЕО | Последната порака на Бети Вајт: Ви благодарам на сите

бети вајт
Фото: Принтскрин / Instagram

21 ден по нејзината смрт и 4 дена по она што требаше да биде нејзиниот 100-ти роденден, светот се’ уште не може да го прифати фактот дека се живее во свет без легендарната Бети Вајт. По нејзината последна фотографија пред смртта, денес имаме можност да го погледнеме нејзиното последно видео, снимено само 11 дена пред да се збогува со светот.

За да го прослави својот 100-ти роденден, Бети Вајт подготвуваше документарец кој требаше да го погледне таа заедно со сите свои фанови кои јавно ги покани на 17 јануари, и во видеото кое го сними испрати последна порака, во која им се заблагодари на фановите за сета нивна љубов и поддршка низ годините.

Во видео објавата, саканата актерка седи на стол и ги споделува последните зборови на љубов и благодарност.

„Само сакам да ви се заблагодарам на сите за вашата љубов и подршка низ годините – ви благодарам толку многу. И… останете наоколу!“, вели Бети во видео објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

Легендарната актерка во самото видео ја искористи можноста да им се заблагодари на фановите за сите пари и донации собрани за животните преку #BettyWhiteChallenge.

Во постхумната објава од профилот на Бети, кој сега го води нејзината асистентка, се вели дека никогаш не би замислила таков излив на љубов, и би била исклучително благодарна на сите… доколку е тука да го види тоа. Објавата заврши со велејќи: „Мислам дека е соодветно да се објави денес како благодарност од Бети и животните“.

Во нејзините последни зборови, таа ни подари искрена порака и дел од нејзината љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот