ВИДЕО | Посебен ден за Де Геа: Се врати на „Олд Трафорд“
Манчестер јунајтед и Фиорентина одиграа без победник во пријателскиот натпревар на „Олд Трафорд“, кој заврши со резултат 1-1, во последната контрола за „црвените ѓаволи“ пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Натпреварот мина во знакот на емоциите, бидејќи на „Олд Трафорд“ се врати Давид Де Хеа, легендарниот шпански голман кој 12 години го бранеше црвениот дрес и остави длабока трага во клупската историја.
A final farewell for De Gea #mufc pic.twitter.com/AeXt16JgoT
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) August 9, 2025
Once a Red, always a Red ❤️
🧬 @D_DeGea pic.twitter.com/P6qRtzgdEP
— Manchester United (@ManUtd) August 9, 2025
Фиорентина поведе рано, уште во осмата минута преку Симон Сом, но Манчестер Јунајтед дојде до израмнување во 25. минута, кога по една несреќна интервенција, Робин Госенс ја затресе сопствената мрежа.
Со ова реми, Јунајтед ја затвора летната подготовка и сега фокусот е целосно насочен кон големото дерби со Арсенал, закажано за 17 август со кое ја започнуваат новата сезона во Премиер лигата.


