ВИДЕО | Поплавите однесоа човечки живот во Торино додека Италија е зафатена од топлотен бран
Додека остатокот од Италија страда од топлотен бран, 70-годишен маж беше однесен од надојдените води на поројот Фрезус и го загуби животот во селото Бардонекија, надвор од Торино, поради ненадејни дождови во северозападна Италија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Несреќниот постар човек штотуку излегол од својот камион, без да ја сфати сериозноста на целата ситуација.
Bad weather in Turin: heavy storm in the mountains, river flooded in Bardonecchia#Italy #Bardonecchia #flashflood #flooding #heavystorm #weather pic.twitter.com/0Y4ifiKtMv
— mishikasingh (@mishika_singh) June 30, 2025
Дополнително, 150 деца кои биле во камп биле префрлени во затворениот спортски центар во областа, каде што ја поминале ноќта.
Во Кони во регионот Вале д’Аоста, во близина на границата со Франција, поради дождот, серија лизгања на земјиштето предизвикаа прекин на патните врски.
Вчера вечер им беше укажана итна помош на три лица кои беа заробени во автомобил поради лоши временски услови.
„Топлинска купола“ во Европа, феноменот се смета за „тивок убиец“


