Фото: Screenshot

ВИДЕО: Поништена борбата за шампионскиот појас во УФЦ, Ган ќе му „извадеше“ око на Аспинал

Долго очекуваниот дуел за шампионската титула во тешка категорија заврши на разочарувачки начин без победник и со прекин по само четири минути борба.

Средбата меѓу Том Аспинал и Сирил Ган беше прекината поради ненамерен удар во окото, кој го оневозможи британскиот шампион да продолжи со мечот. Инцидентот се случи во првата рунда од настанот УФЦ 321, кога Ган, обидувајќи се да се одбрани, случајно го погоди противникот со прстите во двете очи.

Иако Аспинал храбро се обиде да ја продолжи борбата, по неколку секунди призна дека не гледа со десното око, по што судијата Џејсон Херцог немаше избор освен да ја прекине средбата и ја прогласи за неважечка.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот