ВИДЕО: Полицијата од Корча го пронајде и казни мангупот кој се возеше на покрив од автомобил

Албанската полиција го пронајде и го казни мангупот кој се возеше на покривот од своето возило/Фото: Скриншот

Полицијата од Корча го идентификуваше и го казни возачот на возилото кој вршел опасни маневри и го попречувал сообраќајот во населениот дел од Подградец. Младиот човек е казнет со 75.000 леки и му е одземена возачката дозвола.

Веднаш по објавувањето на видео на порталот „JOQ“ на кое е прикажан возач, кој извршил опасни маневри во станбена зона, станувајќи опасност за себе и за другите учесници во сообраќајот, службите на Сообраќајната полиција Корча организирале потрага со цел да го идентификуваат и казнат возачот.

Проверките покажале дека возачот на возилото, албанскиот државјанин М.М., 20 години, е жител на Поградец, и станал од возачкото седиште и се качил на покривот од автомобилот и притоа вршел опасни маневри и го попречувал сообраќајот во населено место, додека маневрите со воланот ги вршел совозачот.

Од локалната полициска управа Корча апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел да се заштити животот и да се гарантира безбедноста на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот