ВИДЕО | „Покер“ на Милан, Монца немоќна на „Сан Сиро“

Милан - Монца/22 Октомври/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

11. коло во италијанската Серија А ни го донесе и натпреварот помеѓу Милан и Монца во кој „росонерите“ ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 4:1.

Овој натпревар привлекуваше посебно внимание поради актуелните први луѓе на Монца, Берлускони и Галијани кои во минатото долги години успешно го предводеа гигантот од Милано.

Монца денес немаше шанси за изненадување. Милано рано, после само 16 минути игра стигна до водство преку Брахим Диаз. Истиот играч пет минути пред крајот на полувремето зголеми на 2:0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата.

Нов гол во мрежата на Монца Милан постигна во 65. минута, а стрелец беше Дивок Ориги. Пет минути по голот на Ориги Ранокија го постигна голот за утеха за гостите. Конечните 4:1 ги постави Рафаел Леао во 84. минута.

По овој триумф Милан се искачи на втората позиција со два бода повеќе од Наполи и ист број бодови со лидерот Наполи, но своите натпревари од ова коло Наполи и Аталанта ги играат утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот