ВИДЕО: Погледнете го „Ол-стар“ тимот на Европското ракометно првенство 2024

фото: EPA-EFE/Anna Szilagyi

На последниот ден од Европското ракометно првенство во Германија се објавени имињата на играчите кои најмногу импресионираа на овој шампионат.

Има репрезентативци од шест земји, Германија и Данска во „Ол-стар“ тимот имаат по двајца, а по еден Шведска, Португалија, Австрија и Франција.

Над 20.000 илјади фанови и ЕХФ експерти гласаа за најдобрите, додека по завршувањето на финалето меѓу Франција и Данска ќе се дознаат и имињата на најдобриот играч на турнирот (МВП) и најдобриот стрелец.

Данецот Матијас Гидсел второ натпреварување по ред ја прима наградата за најдобар десен бек, додека германскиот голман Андреас Волф повторно е меѓу најдобрите, прв пат беше во „Ол-стар“ тимот на ЕП 2016 во Полска кога неговата репрезентација ја освои титулата.

Идеалниот тим на ЕП 2024:

Голман: Андреас Волф, Германија
Лево крило: Хампус Ване, Шведска
Лев бек: Мартим Коста, Португалија
Среден бек: Јури Кнор, Германија
Десен бек: Матијас Гидсел, Данска
Десно крило: Роберт Вебер, Австрија
Пивот: Лудовик Фабрегас, Франција
Дефанзивец: Магнус Саугструп, Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот