Фото: Ракометна Федерација на Македонија

ВИДЕО | Победничкиот гол на Костески во Топ 5 на денот на Европското првенство

По ремито со Португалија и освојувањето на првиот бод во групата Б на Европското првенство, ракометната репрезентација на Македонија оствари триумф над Романија од 24:23.

Тоа беше последен меч за избраниците на селекторот Кирил Лазаров на првенството, иако ги одржуваа теоретските шанси за пласман во главната фаза кои подоцна ги згасна Португалија со победата против Данска.

Драматичен беше финишот на натпреварот меѓу Македонија и Романија во Хернинг, во последната секунда победа за нашата селекција донесе десното крило Ненад Костески.

Претходно Португалците успеаја да израмнат на 23:23, а веднаш потоа во својот последен напад Македонците дојдоа до победа за голема радост кај играчите, навивачите и секако љубителите на спортот и ракометот во нашата земја.

Погодокот на Костески се наоѓа и во Топ 5 на денот во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот